Мисајловски: Во преговорите со Бугарија мора да има реципроцитет

Ги проследивме овие овие случувања, оваа заедничка седница на двете влади. Ова е стандардна би рекол работа што секоја држава би сакала со своите соседи да напави една заедничка седница на влада, каде најчесто се зборува за многу меморандуми, за многу договори, дали се дел од здравството, дали се дел од економијата, рече во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Алфа ТВ, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски.

„Но политичкиот момент е многу важен на овие средби. Ние не можевме доволно да видиме што се случува со оние фамозни 5+1 што беа точки во еден така наречен нацрт договор што треба да се случи и немаме месо што они говорат. Или можам да кажам дека позади завесите се разговара за многу точки што ние не ги знаеме за да ги дебатираме. Но тоа е цечата суштина. Ние многу пати во минатото еве и сега ќе повторам, сум кажал дека, зошто е грешка тој договор, што се потпиша со Бугарија, бидејќи нема реципроцитет“, истакна Мисајловски.

Додаде дека кога тој учествувавл во ваквите разговори со Бугарија, единственото барање кое тогашните власти го имале, е тоа да има реципроцитет