Мисајловски: 10 милиони евра на располагање за МЖ и дополнителни 70 милиони денари

мисајловски

Се она што ќе го сработат во текот на месецот треба да го фактурираат до министерството за транспорт и врски а министерството ден за ден да ги испати сите средства бидејќи тоа се оперативни трошоци кои што Владата ги покрива се она што ќе биде профит на претпријатието останува таму. Но за да се фактурираат сите оперативни трошоци за месецот, вие мора да работите. Затоа  околу 70-80 луѓе кои што попречуваат во работата значи дека ќе немаме можност да ги дадеме средствата. Заедно со премиерот ја разгледувавме можноста за тоа како да им помогнеме  дополнително  и изнајдовме уште едно решение со нов договор  односно со анекс на договор кој ќе обезбеди  дополнителни околу 70 милиони денари што значи дека на месечно ќе добиваат директно во МЖ транспорт и тие средства ќе ги распределат кон двете компании, вели Мисајловски.

Додаде дека единствен услов е повторно да почнат со работа бидејќи Министерството нема законски начин за тоа како да ги исплати парите ако некој не работи и тоа е веќе кршење на самиот буџет и на средствата.

Затоа ги повикувам вработените да се јават на своите работни места и да почнат со работа средства има во буџетот и сите тие ќе бидат исплатени бидејќи се за нив. Тоа се наменски средства и се наменети за нив. Денес зборував со новиот директор и директорот на МЖ инфраструктура и ние бараме решение како најбрзо да ги земат сите оние заостанати средства но потешкотиите во овој момент се бидејќи тие сега не работат и со тоа се руши дел од законот со кој се вели дека Железници мора да имаат минимална работа бидејќи се работи и за меѓународен превоз, вели Мисајловски кој заклучи дека како институции ќе направат се за да им помогнат.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.