Мисајловски и Муцунски на средба со пратеници од германскиот Бундестаг

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски и Меѓународниот секретар Тимчо Муцунски остварија работен ручек со Пратеникот од ЦСУ Кристијан Шмит (поранешен министер за земјоделије и министер за транспорт на СР Германија), како и Пратеникот од ЦДУ Питер Бејер, кој е истовремено и Координатор на Владата на СР Германија за трансатланска соработка.

Пратениците беа придружувани од Директорот на Фондацијата Конрад Аденауер во РМ, Јоханес Рај. На средбата соговорниците се осврнаа на стратешката поддршка која СР Германија и ја дава на Република Македонија во своите Евро-атлански интеграции. Се нагласија добрите односи помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ЦДУ и ЦСУ, и се разгледаа можности за понатмошна соработка.

Мисајловски и Муцунски ги информираа Шмит и Бејер за улогата на ВМРО-ДПМНЕ во процесот на носење на реформските закони, како и за текот на кампањата за избор на Претседател на РМ. Взаемно беше констстирано дека одржувањето на фер и транспарентни избори во демократска атмосфера претставува клучен предуслов за европската иднина на Република Македонија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.