Мисајловски: Ќе победиме многу моќно во Ѓорче Петров, ќе се чудат што ги снашло

Многу јако ќе победиме.Ќе се чудат што ги снашло. Ѓорче ќе ги поздрави. Ќе победиме многу моќно во Ѓорче Петров и тоа ви го ветувам, порача Владо Мисајловски, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Ѓорче Петров.

На 15 октомври СДСМ во Ѓорче ќе доживее тежок дебакл бидејќи тие имаат само три проекти, а тоа се воздух, ветер и магла, рече на кандидатот за градоначалник на општина Ѓорче Петров од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Владо Мисајловски.

Тој најави дека тој и целиот негов тим ветуваат дека стојат позади се што ќе кажат и дека ќе одат во секое маало, во секоја улица и ќе го сработат тоа што го има во нивната програма.

Мисајловски вети асфалтирање на преку 100 улици во нисте населени места, изградба на нов кружен тек на булеварот „Македонска војска“ и улицата „Ѓорче Петров“ и реконструкција на улиците Геров и Волковска, Ѓорче Петров и БОрис Сарафов, како и главната улица во Волково.

Тој исто така вети и завршување на изградбата на канализационата мрежа во Волково како и изградна на пумна станица и резервоар и трајно решавање на водоснабдувањето во високата зона на Ѓорче Петров.

-Во следниов период Ѓорче Петров ќе се гордее и со нов, модерен парк, најубав во градот Скопје. Ќе се изградат две нови градинки, една во Волково и една во Ново Село. Ќе се реконстриураат постоечките градинки за ниту едно детенце да не чека. Ќе изградиме парк во секое маало, баскет игралишта, игротека во секое маало, термини за бесплатно користење на сите спортски капацитети. Предвидовме финансиска поддршка за клубот Македонија ѓорче Петров, но и сите останати спортски клубови што гравитираат, со посебен фокус на младите и талентирани спортисти, рече Мисајловски.

Кандидатот за градоначалник на Ѓорче Петров од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ Владо Мисајловски рече дека и покрај пожарот што на денеска ја зафатил неговата семејна куќа, тој е среќен човек затоа што има многу пријатели што, рече, е непроценливо.