11.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

Мисајловски: Се надевам дека на Конвенцијата ќе победи најдобриот кандидат

Овој турнус на сите кандидати кој што ќе можат да се обратат пред делегатите е одлична можност и шанса да ја покажеме демократијата во ВМРО-ДПМНЕ, вели Мисајловски.

Имаме одлична можност овој викенд да имаме една убава средба со НДИ и со УДСАИД и да разговараме за тековните политики, што се случило во минатото, а секако да гледаме и кон иднината. Одлични средби, одлични можности заедно со Пратеничката група, раководството, Извршниот, Централниот Комитет како и со други структури на партијата каде што разговараме на многу теми. Ова денеска за Курир го истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски.

-Интересно е што во овој период се распишаа и претседателските избори, имаме една интересна демократска трка во самата партија каде што имаме повеќе кандидати кои започнаа веќе да одат на терен и по општинските комитети.владо Ги поздравувам сите кандидати тоа што го прават и се претставуваат како личности, се разбира ја претставуваат и својата визија и ја претставуваат својата програма. Се надевам дека овие неколку денови се до нашата претстојна Конвенција која ќе се одржи во Струга следниот викенд ќе имаме одлична можност сите комитети да ги запознаат кандидатите и секако на таа Конвенција да победи најдобриот кандидат, кој се разбира ние сплотено и заеднички ќе го поддржиме и ќе одиме кон таа победа, потенцира Мисајловски.

Тој нагласи и на важноста власта да распише предвремени парламентарни избори.

-Како што можевме да слушнеме од високи владини претставници велат дека многу било важно да го слушнат гласот на народот, ние ги повикуваме ајде да го чуеме сите заедно гласот на народот и да видиме вие што имате да испорачате и она што го лажевте во минатото сега да им го објасните на граѓаните зошто е тоа така. Ние ќе излеземе со одлична програма и ги повикуваме уште еднаш „Ајде охрабрете се“, бидејќи сакате да се фалите со вашите политики, ајде народот да процени дали се тие реални и дали ја имаат вашата доверба. Ајде да излеземе и на предвремени избори за народот да си го каже своето мислење, нагласи Мисајловски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.