Мишел и Меланија во жолтата овална соба на Белата куќа

Првата дама на САД Мишел Обама ја пречека својата наследничка Меланија Трамп со чај во приватниот резиденцијален дел на Белата куќа, додека претседателот Барак Обама се сретна очи во очи со идниот претседател Доналд Трамп.

Мишел и Меланија размениле искуства за подигањето и воспитувањето на децата во објект како што е Белата куќа и предизвикот да се биде добар родител во такви околности, соопштил подоцна портпаролот на Белата куќа Џош Ернест. Потоа Мишел и организирала на својата наследничка куса тура низ просториите на Белата куќа и и го покажала таканаречениот Труманов балкон.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.