Мишел: Глобалната безбедност е под закана

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел претпладнево е во Јапонија каде што е во посета на градот Хирошима.

Во 1945 година тој град го претрпе првото атомско бомбардирање, а Мишел ја искористи посетата на споменикот за да дискутира за моменталната состојба на глобалната безбедност.

– Додека зборуваме, глобалната безбедност е под закана, рече тој.

– Русија, нуклеарно вооружена држава … ја напаѓа суверената нација Украина, додека прави срамни и неприфатливи алузии за употреба на нуклеарно оружје, додаде Мишел.

Тој рече дека споменикот е „остар потсетник за итноста“ да се зајакнат меѓународните правила.