Мишел Обама размислува за пластична операција

Првата дама на САД, Мишел Обама, која оваа недела полни 50 години, изјавила дека не ја исклучува можноста во иднина да направи пластична операција или да користи ботокс.

Таа во интервју за неделникот „Пипл“ рекла дека жените треба слободно да го прават она што мислат дека би треба да им направи да се чувствуваат добро. Иако засега не размислува за пластична операција или ботокс, Обама рекла дека научила дека „никогаш не треба да се вика никогаш“.

„Не се отповарувам со тоа што јадам“, рекла Обама и додала дека сепак води сметка да јаде повеќе овошје и зеленчук.