Мисовски наместо Џафери во Крушево за Илинден

Од законодавниот дом информираат дека потпретседателот Горан Мисовски ќе ја предводи собраниската делегација која утре ќе присуствува на одбележувањето на 2 Август Денот на Републиката во Крушево.

Според најавите Мисовски заедно со Хари Локвенец и Дафина Стојановска, ќе положи венец свежо цвеќе во Крушево и тоа во 10:30 часот – Гроб на Никола Карев; Споменик на Слива „На хероите на Слива“; а во 11:45 часот – „Мечкин Камен“.

-Претседателот на Собранието, Талат Џафери, е во добра здравствена состојба, но по препорака на лекарите неопходен му е дополнителен одмор и мирување, велат од Собранието.