Мисовски уверен: Мало сутра дека оваа влада ќе падне веднаш

Пратеникот од НСДП, Горан Мисовски, во третото продолжение на седницата за избор на влада, на крајот од своето излагање од говорницата на српски јазик порача дека новата влада ќе трае.

-Оваа влада ќе трае, мало сутра дека ќе падне веднаш. Четиригодишен мандат ни е обезбеден, рече пратеникот Мисовски.

Тој ги пофали досегашните реформи спроведени под водство на Зоран Заев и рече дека новиот мандат е можност да продолжат со реформите. Од ВМРО – ДПМНЕ очекува во наредниот период демократизација во идеолошкиот дел со напуштање на класичниот национализам.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.