Мистерија на летот Франкфурт – Загреб: Некаде исчезнаа 41 патник од авионот на кој имало заразени?

1437

На летот на Кроација Ерлајнс кој пристигна во Загреб од Франкфурт на 2. мај имало 14 лица позитивни на коронавирус.

Дури девет од заболените се работници од фабриката „Ѓуро Ѓаковиќ Монтажа“ од Славонски Брод кои се враќале од Шведска, а со денови се говорело дека на летот биле 74 лица, се додека Јутарљи не објави дека дознале за 115 луѓе во авионот.

– Вкупно на наведениот лет имало 115 лица, од кои 10 ја напуштиле Хрватска“, рече докторката Звјездана Ловриќ Макариќ, која како епидемиолог била задолжена за тој лет, пренесува Јутарњи лист.

Директорот на Хрватскиот завод за јавно здравје Крунослав Цапак вели дека дошло до недоразбирање.

– Еден колега работел група од 74 патници, а тоа е групата од која сите досега заболеа. Другиот колега работел на група од 41 лице од која засега нема позитивни, рече Ципак.

Хрватски Индекс.хр наведува дека испратиле прашање до Кроација Ерлајнс за бројот на патници.

Новинарите од тој портал дознале дека, меѓу заразените се и двајца пилоти од летот Франкфурт – Загреб на 2. мај, додека останатите членови од кабинската посада кои биле во директен контакт со патниците се негативни.

За првиот позитивен на коронавирус од летот се дозна на 5. мај. Беше тоа прв позитивен работник од фабриката „Ѓуро Ѓаковиќ“ кој се вратил од Шведска заедно со колегите. После него, позитивен наод добија уште шест негови колеги и двајца од Пожешко – славонската жупанија кои биле на летот.

Објавено е дека меѓу позитивните има уште четири лица, патници од подрачјето на Сисак (1), Задар (1) и Пула (2).

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.