Мистериозна смрт на руски емигрант во Лондон

Рускиот емигрант и близок пријател на покојниот олигарх, Борис Березовски, бил пронајден мртов во својот стан во понеделникот во Лондон. Телото на Николај Глушков(68) го пронашле неговото семејство и пријателите. Веста за смртта на Глушков на својата Фејсбук страница ја објавил новинарот Дамиан Кудрјацев.

Починатиот во деведесеттите години на минатиот век работел за руската државна компанија „Аерофлот“, како и во автомобилската компанија „ЛогоВаз“, сопственост на Березовски. Глушков во 1999 година заврши во затвор по конфликтот на Березовски со Владимир Путин. Олигархот ја напушти Русија и се преселил во Лондон, а Глушков остана пет години во затвор за перење на пари и за измама извршени од компанијата на Березовски.

Тој во наредните години се сели во Лондон каде добива и политички азил. Глушков постојано тврдел дека има докази оти Березовски не извршил самоубиство, туку бил убиен.
Глушков лани во Москва во одсуство бил осуден на осум години затвор за кражба на 13 милиони долари од „ЛогоВАз“.

„Гардијан“ од извори во лондонската полиција дознава дека смртта на Глушков засега не може да се поврзе со неодамнешното труење на двојниот руски шпион Сергеј Скрипал.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.