Мит е дека животот во Шведска тече нормално

Стратегијата на Шведска за справување со коронавирусот е слична на онаа во многу други земји, и покрај тоа што во земјата не се воведени ограничувања во движењето, изјавија две министерки.

– Мит е дека животот во Шведска тече нормално, изјави министерката за надворешни работи Ан Линде на онлајн прес-конференција.

Земјата привлече внимание откако не воведе ограничувања во движењето и за разлика од нејзините соседи не ги затвори рестораните и баровите. Клиентите сепак треба да седат на безбедно растојание меѓу масите, за да бидат услужени.

– Многумина седат дома и не патуваат, многу фирми се затвораат, се очекува значително зголемување на невработеноста, изјави таа и додаде дека во Шведска не се воведени целосни мерки за ограничување, но дел од шведското општество не функционира.

Министерката за здравство и социјални прашања Лена Халенгрен истакна дека основната разлика меѓу Шведска и други земји е што Стокхолм не ги затвори училиштата до 9-ти клас и детските градини и луѓето не беа принудени да седат дома. Целта на Владата е да го ограничи ширењето на заразата и да гарантира дека здравствените услуги ќе останат достапни за сите.

– Големиот број заразени во домовите за стари лица е едно од напите основни проблеми, додаде Халенгрен.

Според неа, не е јасно зошто коронавирусот се проширил во овие домови.

Халенгрен денеска соопшти дека во идните недели Шведска ќе почне масовно да тестира за за коронавирусот.

– Зборуваме за 50.000, можеби дори и 100.000 тестови неделно, истакна таа.

Според агенцијата за јавно здравје околу една третина од смртните случаи од Ковид-19 во Шведска се во домови за стари лица. Во земјата досега се регистрирани вкупно 13.216 заразени и 1.400 смртни случаи од Ковид-19.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.