Митески: Наместо колективна станбена зграда и зграда на Општина Аеродром, ќе биде изграден нов парк

Првата локација каде што ќе биде избришана “маркица” за зграда е во Реонски центар Аеродром.

Оваа идеја произлезе од средбите со жителите на Реонски центар.

Наместо колективна станбена зграда и зграда на општина Аеродром, ќе биде изграден нов парк на површина од 5.000 м2.

Општина Аеродром ќе добие нова општинска зграда на нова локација, а жителите на Реонски центар ќе добијат нови содржини за забава, рекреација и слободен простор кој ќе биде од корист на сите.

Урбанизацијата ќе биде во функција на жителите на Аеродром, не во интерес на бизнисот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.