Бележиме непрекинати скандали, но одговор од надлежните никогаш нема да слушнеме. Мудро молчат, се надеваат дека ќе престанеме гласно да ја зборуваме вистината. Но, со сигурност погрешиле. Ќе ве повикуваме, ќе ја бараме одговорноста се додека не ја добиеме, обвинува Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ.
Во продолжение го пренесуваме нејзиниот коментар:
Додека продолжува хаосот во здравството, министерот за здравство лично ги прекршува сите протоколи. Видеото каде Венко се наоѓа во операциона сала без никаква заштита на него се обидуваат да го игнорираат, како тоа никогаш да не се случило. Кога ќе се одважи министерот пред се да даде одговор кога и зошто тоа се случило, а најпосле да понесе одговорност за истото. Ова е вашето вистинско лице и ова е начинот на кој го рушите системот.
Игнорантскиот однос нема никаде да ве однесе, напротив се е тоа на вашиот грб и ден во ден само повеќе и повеќе ви тежи. Ситуацијата е алармантна подолг период наназад, а вие секојдневно директно ја влошувате.
Време е да застанете со дневната политика, време е за одговорност и оставки!