Митева: Граѓаните ги очекува нов ценовен шок, струјата ќе поскапи за над 20 отсто

На денешната прес конференција портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева беше запрашана од медиумите, кој е ставот на партијата околу најавеното ново покачување на цената на струјата преку нов модел кој го утврдува РКЕ.

„Граѓаните ги очекува нов ценовен шок, од владата како награда ќе следи драстично зголемување на цената на струјата за над 20%. И тоа е резултат на неспособноста на власта која наместо за тендери изминативе години во РЕК Битола, требаше да врши ископ на јаглен и да произведува електрична енергија. И цената за ваквото неодговорно однесување денес ќе го плаќаме ние граѓаните со енормно високи сметки за струја, а притоа во една ваква ситуација владата континуирано се противи на покачување на платите на работниците“, истакна Митева.

Таа додаде дека неспособноста на власта ги чини граѓаните скапо, и затоа ВМРО-ДПМНЕ континуирано нагласува дека предвремени парламентарни избори се потребни час поскоро. Македонија со оваа власт не оди напред.