Митева: По изјавата на Седат Пекер, Заев треба да биде повикан на информативен разговор во суд и да одговори за издадените 214 пасоши на нарко босови

Изјавата на Седат Пекер јасно укажува оваа криминална мафија се случи во време во која што на власт е СДСМ, министер за внатрешни работи е Оливер Спасовски од редовите на СДСМ и во најмала рака јас очекувам после вакви изјави судството да се охрабри и да ги повика на информативен разговор“, истакна Марија Митева, портпаролка на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „Само вистина“.

Митева додаде дека Зоран Заев треба да биде повикан на информативен разговор за да даде одговор на одредени прашања, одговори заслужува и јавноста.

„Зоран Заев треба да одговори зошто, за кои цели се сретнал, како се овозможени тие 214 пасоши на нарко босови, мафијаши кои што имале можност да престојуваат во Република Македонија. Дури имале и сопствено обезбедување. Ова е скандал од меѓународни размери“, рече Митева.

Посочи дека со СДСМ на власт правда нема. Главните и крупни криминалци се заштитени од законот. А, пасошите се уште се активни за жал.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.