Митева: Проблемот со Бугарија го создаде Заев

Проблемот соБугарија го создаде токму премиерот Зоран Заев, односно тој проблем не постоеше пред склучувањето на Договорот за добрососедство за кој своевремено предупредуваше ВМРО-ДПМНЕ, изјави меѓу другото во средата вечерта Марија Митева, портпаролка на опозициската партија во емисијата „Заспиј ако можеш“ на ТВ Алфа.

„Жалам што изминативе години, изминатиов период како ВМРО-ДПМНЕ постојано некако како да предвидувавме што ќе се случи и алармиравме дека со Заев патот кон Европската унија е недостижен. Колку и да се обидува да бара оправдување, да секогаш прстот го вперува кон другата страна а никогаш кон себеси, свесни сме и ние и граѓаните на Македонија дека проблемот со  Бугарија го создаде Зоран Заев и дека тој проблем не постоеше пред склучување на овој Договор за добрососедство и дека со владеењето на  Заев не само договорт со Бугарија туку и апсолутно немањето на реформи во Македонија беше некако за жал очекувано дека нема да го добиеме датумот за преговори со ЕУ“, рече Митева во своето гостување.

Притоа потенцираше дека по дебакалот кој го случи вчера најмалку што можеше да направи оваа влада е да си поднесат оставка.

„По еден ваков дебакал на власта најмалку што можат да направат е да поднесат оставка, а ако добро и се сеќавам уште пред три години Зоран Заев најави дека доколку не се добие датумот за преговори со Европската унија тој ќе поднесе оставка“, потсети гласноговорничката на ВМРО-ДПМНЕ.

Митева укажа дека она што нејзината партија го зборуваше, односно дека Заев дал некаков предлог до Бугарија, денеска тоа се потврди и од страна насамиот преиер.ж

„Она што мене ме загрижува и она што јас денеска го видов во медиумите е потврда дека на 17-ти јуни дал некаков предлог до Бугарија за она за што ние зборувавме дека има предлог, а владата напразно се обидуваше да демантира дека не постои никаков патоказ, дека не сме дале никакви други гаранции за идентитетот и за јазикот, но еве гледаме дека тој го потврди истото и имаа соопштение дека Заев ненаков предлог“, додаде Митева.