Митева: СДСМ и ДУИ се договорија за 14 изгорени луѓе, велат дека виновен е кабелот, а кога не може да се договорат за бизниси, физички се пресметуваат во центарот на Скопје

Загрижуваат постапките на насилство кои се случуваат во редовите на власта. Ваквиот чин на физичка пресметка ја покажува нервозата во редовите на власта и истата е срам за институциите, изјави на денешната прес конференција, Марија Митева, портпаролка на ВМРО-ДПМНЕ.

Таа истака дека кога СДСМ и ДУИ ќе се договорат за 14 изгорени луѓе од Тетово, сложно велат дека виновен е кабелот, а кога не може да се договорат за бизниси физички се пресметуваат во центарот на Скопје како што беше случај со Бислимоски и синот на Џафери.

– Марко Бислимоски е поранешниот член на партиската комисија за енергетика во СДСМ. Муса Џафери, чиј што син физички го нападна е функционер во ДУИ. Ваквото дивеење среде главниот град е срам за државата. Обвинителство да ги повика, да кажат што делат или што множат двајцата од власта. Да се истражи не само чинот за физичка пресметка туку и мотивите за истата, посочи Митева.