Митевски: Подземјето е длабоко влезено во политичката партија СДСМ и управува со државата

Во вчерашната емисија на АлфаТВ гостуваше Горан Митевски, екс директор на УБК кој што нагласи дека по секојдневниот криминал што се случува на територијата на Република Македонија, може да се заклучи дека подземјето е длабоко навлезено во партијата СДСМ и во самата власт.

Подземјето е длабоко влезено во политичката партија СДСМ и дека тие ќе им бидат потребни на претстојните парламентарни избори и од тие причини ништо не се презема спрема членовите на криминалните банди, нагласи Митевски.

Митевски додаде дека актуелниот состав на МВР е толку разочарувачки и самиот систем е доведен пред распаѓање, што на граѓаните не им е јасно зошто постои министерот и која е неговата улога во самото министерство кога ништо не работи за да го спречи криминалот кој што стана секојдневие. Каде е иднината на безбедносниот сектор во Република Македонија доколку оваа партија остане на власт, се прашуваат сите во државата.