Митингот на опозицијата во Минск мина без немири и апсења

Најмасовниот опозициски собир во историјата на Белорусија на кој се собраа илјадници луѓе во неделата во Минска на кој бараа заминување од власта на претседателот Александар Лукашенко кој минатата недела го освои шестиот мандат, заврши без безредија и апсења, пренесуваат агенциите од белоруската престолнина.

На повик на Светлана Тихановска, која пребега во Литванија откако освои 10 отсто од гласовите минатата недела наспроти 80 отсто кои ги освои Александр Лукашенко, протести се одржаа и во другите белоруски градови.

Белоруското министерство за внатрешни работи во неделата вечерта објави дека не се пријавени инциденти и оти нема приведени, како и дека поддржувачите на опозицијаа веќе се разотишле од местото на простестот.

Ваквиот мирен епилог од двата големи собира во неделата се толкува како смирување на крајно тензичната ситуација изнинатите шест ноќи во кои дојде до судири со полицијата која жестоко се справи со демонстрантите при што загина најмалку едно лице а десетица се повредени. Од друга страна, властите сооптија дека во немирите биле повредени повеќе од 120 полицајци. Последните три дена големите протстни собири се одвиваа без апсења, а започна пуштање од притворот на неколку илјади демонстранти од вкупно 6.700 приведени.

„Замини“ му скандираа на Лукашенко демонстрантите собрани околу споменикот на жртвите во Втората светска војна. Според процените на медиумите имало повеќе од 100.000 демонстранти, наспроти 65.000 колку што се проценува дека имало поддржувачи на Лукапенко на контрапротестот одржан рано попладнето. Независниот портал Tut.by не прави процена, но наведува дека протестниот бил најголемиот собир во земјата од независноста во 1991 година.

Тихановска по изборите поднесе жалба до Централната изборна комисија, со барање соопштените резултати да бидат прогласени за неважечки. Додека Западот бара нови избори во Белорусија, Тихановска инсистира на пребројување на гласовите или повторување на гласањето во одредени региони од земјата каде што смета дека ѝ се украдени огромен број гласови. Поранешниот претседателски кандидат Андреј Дмитриев, кој беше еден од опозициските лидери кои се обратија на протестот во неделата поднесе тужба до Врховниот суд на земјата против одлуката на изборната комисија да ги признае конечните резулати.

Лукашенко, кој 26 години е на власт а оваа година направи чекор кон приближивање со САД а влезе во турбулентни односи со историскиот белоруски сојузник Русија, околу пладнето ненајавено се појави на контрапротестот на неговите поддржувачи.

„Ве повикав тука, не за да ме бранитет, туку првпат по четврт век да ја браните својата земја и нејзината независност“, рече 65-годишниот Лукашенко предизвикувајќи овации кај пруситните.

Ги одби барањета од Западот за спроведување на нови претседателски избори, на кои би биле присутни и меѓународни набљудувачи кои не присуствуваа на 9-ти август под изговор дека биле предоцна поканети.

„Доколку го направиме тоа, сѐ неповратно би излегло од под контролата“, порача Лукашенко додавајќи дека на Белорусите од странство сака да им се наметне власт.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.