Митко Јанчев ќе го поддржи Христијан Мицкоски на партискиот конгрес в недела

Митко Јанчев, градоначалник на Кавадарци, ќе го поддржи Христијан Мицкоски за лидер на ВМРО-ДПМНЕ, на партискиот конгрес в недела, објави порталот 360 степени.

За некогашните амбиции да стане лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Јанчев вели дека се минато свршено време.

„Тоа е минато. Сѐ во свое време. Титулите и позициите не ми се важни. В недела, како делегат на конгресот на ВМРО-ДПМНЕ, ќе го поддржам Мицкоски, затоа што постигна мошне добри резултати на овие локални избори“, изјавил Јанчев.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.