Митко Јанчев по наредба мати вода, да ги скрие скандалите и катастрофите на СДСМ

Актуелниот градоначалник на Кавадарци со гласовите на ВМРО-ДПМНЕ, Митко Јанчев, е во обид да се промовира како наводен потенцијален кандидат за преземање на партијата од која се одметна. Сепак, имајќи ја предвид провиненцијата на неговата поддршка, се чини дека соодветно на неговите интелектуални капацитети му е доделена улогата на замајувач на јавноста, кој треба всушност да се биде да ги сокрие намножените скандали околу владејачката СДСМ и неговиот партнер Зоран Заев. Токму тие скандали предузвикуваат големо незадоволство и разочараност од власта на СДСМ кај мнозинството граѓани.

Поранешниот потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен градоначалник на Кавадарци, Митко Јанчев, кој е самонаречен претендент за да го преземе кормилото на партијата, повикува на мирен протест на 2 ноември годинава во 12 часот пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ. Пред неколку дена, Јанчев најави дека планира да се кандидира за претседател на опозициската партија, но откако ќе минат локалните избори есента следната година, на кои сепак планира да побара уште еден мандат за градоначалник од кавадарчани.

Прво многу интригантно е тоа што Јанчев убедува дека има поддршка, веројатно мисли на членството, да го замени во партијата лидерот Христијан Мицкоски, имајќи предвид што и покрај сите опструкции од негова страна и фракцијата што го поддржува, ВМРО-ДПМНЕ на јулските парламентарни избори сепак освои повеќе гласови од СДСМ. Тоа, од своја страна го отвора прашањето за капацитетите за политичка перцепција на наводно успешниот бизнисмен и градоначалник за политичкото расположение кај граѓаните. А, нели, претендира да ја води најбројната партија во земјата која во секој момент е потенцијален фактор за преземање на власта.

Од друга страна, пак, во најмала рака збунувачка е изјава на самиот Јанчев во која му се восхитува на Зоран Заев дека ќе ја направел Македонија како Швајцарија. Зошто тогаш популарниот Мите Кожувачанка би се борел за челното место во опозициската ВМРО-ДПМНЕ, ако е убеден дека премиерот Заев ја води земјата како што треба?!

„Дај Боже сите да бидеме како Зоран Заев и да бидеме сите флексибилни и да можеме да работиме ќе бидеме како Швајцарија“, рече Јанчев пред еден месец, при тоа несокривајќи си го висхитот од политичкиот противник.

Психоаналитичарите, веројатно, на потствеста би ја припишале ваквата изјава од личност која се обидува да стане челник на опозицијата, која има амбиција да стане власт. Затоа што, таа укажува дека всушност лицето кое ја дало ваквата изјава ќе има иста политичка понуда како и лицето на кое му се восхитува, а сака да го смени од власт?! Или барем за такво се претставува во јавноста, а не само како проекција од самата власт. И, покрај тоа, укажува и на комплекс на инфериорност кон политичкиот опонент, што не е квалитет со кој се влегува во политичка битка.

И обидите во јавноста да се создаде слика за Јанчев како успешен лидер на семеен бизнис и градоначалник од внатрешноста, идентично со градењето на имиџот на Заев, исто така, не можат да ги убедат избирачите и поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ, дека токму тој ќе понуди нешто подобро и поразлично.

Зачудува и тоа каква замисла има Јанчев да ја добие поддршката од широкото партиско членство, како што уверува тој, имајќи ги предвид и неодамнешните изјави во интервјуто со Васко Ефтов, а кои се сосема различни од моменталното расположение кај поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ. Јанчев имено, во своето интервју во емисијата „Во Центар“, признава дека не треба да се користи уставното име на Република Македонија, а истакнувањето на симболи од македонската историја, не му се поважни од тоа Бугарите да не му забележат. Но, токму по овие прашања гласачите на ВМРО-ДПМНЕ му го дадоа одговорот, и тоа токму во неговото Кавадарци.

А, тие се однесуваат на тоа дека ја тргнал од својот градоначалнички кабинет сликата со мотиви од масакрот кај кавадаречкото селото Ваташа во која од бугарската фашистичка војска се убиени 12-те млади момчиња. Во емисијата „Во Центар“, Јанчев признава дека смената на сликата се случила пред средбата со бугарскиот амбасадор Ангел Ангелов и дека претходно на средба со американски амбасадор се сликал пред сликата со масакрот кај Ваташа. Исто така, за Јанчев претставува и „грешка“ тоа што тој напишал Република Македонија во еден статус. Вели се плашел дека ќе го нападнат за тоа, па сега бил свесен и вели дека згрешил што го напишал името Република Македонија, а не со Северна, на што инсистираат Заев и СДСМ при секое споменување на нашата земја Македонија.

Митко Јанчев во споменатото интервју и не сокрива дека одржува контакти со контроверзниот Вице Заев, братот на премиерот Зоран Заев, во Банско во Бугарија

„Тоа е во Банско, дента кога станувам потпретседател на партијата и ние како македонско ткиво кое бевме во Банско седнувам и ги частам пијачка, им велам јас станав потпретседател напијте се нешто“, рече Јанчев.

Покрај тоа, Јанчев сака да го засили своето „портфолио на жртва“ на ВМРО-ДПМНЕ со тврдењата дека наводно бизнисмени, кои провладините медиуми ги прокажуваат како блиски на сегашното водство на опозициската партија, инсистирале да му ја откупат компанијата, формирана во перидот на првата вмровска влада 1998/2002, која тогаш често беше на мета на медиумите управувани од СДСМ. Станува збор за недокажан „трамповски“, што би рекле нашите неолиберали, обид да се измести тезата. Имено, ако во 2016 година за „преземање“ на бизнисите од страна на ВМРО-ДПМНЕ беше постојано критикуван и напаѓан Сашо Мијалков, а тој сега исто како и Јанчев стои на спротивната страна од Мицкоски, во оцрнувањето мора да се инволвираат други личности, кои со медиумска хајка ќе бидат поврзувани со опозицијата.

Сепак, најавата на Јанчев дека ќе организира протести пред ВМРО-ДПМНЕ, насочени првенствено против актуелниот лидер Мицкоски, може да се гледаат како уште една инструментализација на одредени личности во обидите на власта на СДСМ да ја го замагли фокусот на јавноста од горливите моментни проблеми во државата.

А, тие не се малку – од катастрофалното справување и со здравствената и со економската криза, енормното задолжување на земјата, предлагањето на Добрила Кацарска, која одмеруваше драконски казни за поранешните политичари од ВМРО-ДПМНЕ, за судијка во Уставниот суд, злоупотребата на пари од европските фондови, аферата со тетовски „Шик Јелак“, проблемите со загадувањето на воздухот, аргантноста на скопскиот градначалник Шилегов во битката со припадниците на противпожарната бригада… Па, ако сакате и да се тргне погледот на јавноста во внатрешните фракционерски чистки во СДСМ и силната внатрепартиска борба за фаѓање позиции за претстојните локални избори.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.