Митовски: Дали Мијалков ќе поведе иницијатива за вонреден конгрес на Левица?!

Дали поранешниот директор на Управата за државна безбедност и контраразнавње Сашо Мијалалков ќе поведе иницијатива за свикување вонредн конгрес на опозициските партии иако не е нивен член, запраша во понеделникот уредникот на порталот Инфомакс, Алескандар Митовски, иронизиарјќи откако добил потврда дека Мијалков бил иницијатор на групата поранешни и сѐ уште сегашни членови на ВМРО-ДПМНЕ кои бараат оставка од партискиот лидер Христијан Мицкоски и одржување вонреден конгрес.

Претходно во петокот група поранешни партиски функционери пред зградата на ВМРО-ДПМНЕ повикаа на оставка на Мицкоски, а медиумите регистрираа дека групата иницијатори за вонреден партиски конгрес тргнала и повторно се вратила во хотелот „Мериот“, која е во сопственост на Мијалков. Тоа отвори сомневања во јавноста дека токму поранешниот долгогодишен директор на тајната полиција стои зад оваа групација незадоволници.

Митовски, откако добил потврда од еден од иницијаторите за смените во ВМРО-ДПМНЕ, го поставува прашањето како личност која не е член на партијата, односно е исклучена од членството, сега се јавува како главен поттикнувач на иницијативата.

„Бидејќи Борче Стамов денес ни потврди дека Сашо Мијалков бил иницијатор на групата од МК Мериот за вонреден конгрес, а Сашо Мијалков не е член на ВМРО-ДПМНЕ (исклучен е минатата година), прашањето е следно:

– Дали Сашо Мијалков, иако не е член на Левица ќе иницира група за вонреден конгрес и смена на Димитар Апасиев бидејќи тој не победи на изборите?

– Дали Сашо Мијалков, иако не е член на Интегра ќе иницира група за вонреден конгрес за смена на Љупчо Ристевски бидејќи ниту тој не победи на изборите?

– Дали Сашо Мијалков, иако не е член на ДПА ќе иницира група за вонреден конгрес за смена на војводата Мендух Тачи бидејќи ги загуби изборите?

– Ќе го менува ли Сашо Мијалков и Јанко Бачев на вонреден конгрес, со оглед на тоа што Бачев не победи на изборите?

Еве, вака на кратко одговори ако може?“, напиша Митовски на својот фејсбук профил.