Митовски: СЈО плаќало сведоци за да даваат искази и да сведочат

Уредникот на Инфомакс Александар Митовски, во гостување на ТВ Алфа истакна дека не очекува реформи на полето на правосудството имајќи го предвид дека СДСМ ги повторува „грешките“ од минатото. Тој напомена дека на почетокот на првиот мандат на Заев, лично тој го предводеше телото за реформи во правосудството што се покажа како фијаско, а сега истата функција ја добива генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски кој е вицепремиер за борба против корупција.

-4,6 милиони евра за СЈО не е толкав проблем по однос на плати и трошоци на тоа обвинителство, се подразбира дека треба да фунцкинира. Проблемот е што таму во тие 4,6 милиони евра има огромна ставка за клаузула тајност. Таа клаузула тајност подразбира дека се плаќале сведоци, финансиски се поттикнувале да даваат искази и да сведочат. Тоа е тоа што треба да не загрижува и што треба да се нотира во било каков извештај за владеење на право во Македонија. Не верувам дека во Македонија во најскор можен рок би можело нешто да се реши особено не откако ги гледам овие пресуди. Кацарска ги водеше најтешките случаи, тие не беа тешки случаи од аспект што се судеше туку што требаше да се пресуди. Се судеше тероризам за луѓе кои што фрлале со столчиња во Собрание и Кацарска ја доби највисоката и најплатената функција во правосудниот систем, вели Митовски.