Митрески: Ги спроведуваме клучните мерки, обештетени се стечајните работници

231

Со усвојувањето на Законот за стечајците, уште во првите сто дена го решаваме деценискиот проблем на работниците кои останале без работа поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата, изјави во средата Јован Митрески, пратеник од владејачката СДСМ.

Како што толкуваше Митрески, со овие мери се решавал сатусот на околу 3.000 стечајни работници кои месечно ќе добиваат надомесок од државата во висина од 7.596 денари.

„Со ова се исправа историската неправда кон овие лица кои не по сопствена вина и волја долги години беа без работа и месечни приходи“, рече пратеникот Митрески.

Кажа, исто така, дека е укината и радиодифузната тачка, како давачката што беше трошок за семејствата и којашто „остави илјадници граѓани со блокирани сметки“, повеќе нема да биде финансиска обврска за физичките и правните лица.

„Веќе од следниот месец, законски утврдената минимална плата ќе изнесува 12 000 денари, а бенефитот од ваквата мерка ќе го почуствуваат околу 130 000 работници. Парламентарното мнозинство, пратениците од СДСМ и Владата продолжуваат да работат одговорно, отчетно и во интерес на сите граѓан“, додаде Митрески.

 

Според него, преку отворен и одговорен пристап во работата, ќе продолжи спроведувањето на зацртаните мерки што носат економски напредок, повеќе пари кај граѓаните и квалитетен живот за сите.

„По локалните избори и по победата на СДСМ и коалицијата, таквиот принцип на отворена, одговорна и услужна власт, што работи во интерес на граѓаните, ќе се преслика и на локалнo ниво“, уверен е Митрески.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.