Митрески: Очекувам дека граѓаните ќе ја донесат вистинската одлука и дека нашата држава ќе продолжи по евро-атланскиот пат

Денес го остваривме своето право на глас и очекувам дека граѓаните во голем број ќе излезат и ќе го остварат своето право на глас на овие избори, изјави по денешното гласање носителот на кандидатската листа на СДСМ и Коалицијата „Можеме“ во ИЕ 5, Јован Митрески

Овие избори се важни затоа што се носи одлука за иднината на нашата држава. Од она што го видовме во изминатиот период покажавме дека можеме да организираме фер и демократски избори.

Институциите се одлично организирани од секој аспект посебно од аспект на заштита на здравјето на граѓаните.

Очекувам дека граѓаните ќе ја донесат вистинската одлука и дека нашата држава ќе продолжи по евро-атланскиот пат, онаму каде што ни е местото“, рече Митрески.