Митрополит Кипријан: Комисијата на БПЦ работи на македонското црковно прашање

Комисијата што беше формирана од Синодот на Бугарската православна црква за решавање на статусот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, продолжува со својата работа, изјави Старозагорскиот митрополит Кипријан, пренесува БГНЕС.

Кон крајот на 2017 година, МПЦ – ОА побара од Бугарската православна црква помош во решавањето на нејзиниот канонски статус и таа да биде нејзина мајка црква. На крајот на ноември Синодот на БПЦ формираше посебна комисија за регулирање на статусот на МПЦ, предводена од митрополитот Кипријан.

– Постои комисија која се уште не се изјаснила за прашањето. Кога ќе има  став на комисијата, тој ќе биде разгледан од Светиот синод на БПЦ и постапката ќе продолжи како што треба, вели митрополитот Кипријан, додавајќи дека комисијата во моментов работи на случајот.