Митрополитот Амфилохије: Отсега јас ќе ги пријавувам литиите, нека ме гонат мене

Митрополитот црногорско-приморски, Амфилохије изјавил дека свештениците на СПЦ се приведени од политички причини, оценувајќи дека тоа што се случува нема никаква врска со законот или правдата и повторил дека ако некој треба кривично да се гони, тоа бил токму тој.

За следната литија во Подгорица, на 21 јуни, како што најавил, тој ќе се потпише затоа што му е непријатно кога им се суди на свештениците, а, како што вели, тој е главниот актер.

„Ако некој треба да биде гонет, тогаш тоа е митрополитот црногороско-приморски“, изјавил Амфилохије пред Соборниот храм во Подгорица.

Амфилохије најавил дека на 21 јуни ќе се одржат литии во сите градови и дека тој лично ќе ја потпише пријавата за литијата во Подгорица.

Тој уште еднаш повика на укинување на Законот за слобода на религијата.

По рочиштето во Основниот суд Подгорица, свештениците на Српската православна црква во Црна Гора, парохиските свештеници од Подгорица, Мирче Шљиванчанин и Жељко Чалиќ од Данилоград, биле задржани 72 часа во полициска станица, затоа што во неделата навечер имало над 200 граѓани на литиите, пренесува РТЦГ.