Митрополитот црногорско–приморски град Амфилохије е позитивен на коронавирус, потврдено е во болницата Цетиње, објавија српските медиуми.
Болницата претходно соопшти дека Митрополитот бил примен со треска и темппература
Како што се дознава, тој во наредниот час ќе биде испратен од болницата „Данило I“ во Клиничкиот болнички центар на Црна Гора, каде ќе го продолжи лекувањето.
Амфилохије беше сместен во болница во Цетиње поради влошено здравје и беше тестиран за коронавирус.
Како што се наведува, митрополитот има треска од саботата, а тој денес бил примен во болницата со температура од 38,5 степени.
Тој има 82 години и спаѓа во ризичната група. Тој не бил виден во јавност со заштитна маска, освен кога гласаше на парламентарните избори на 30 август.