Митровски: Со помош на граѓаните ја продолживме успешната приказна за општина Ѓорче Петров

148

И во оваа 2013 година, заедно со мојата адмнистрација, со советот на општината и се разбира со подршка и помош  на граѓаните ја продолживме успешната приказна за урбаната општина Ѓорче Петров, вели градоначалникот Сокол Митровски давајќи отчет за сработеното оваа година.

 

„Да  набројам само неколку проекти кои видно го сменија урбаното живеење на граѓаните и допринесоа за чувствуто дека се живее 21 век. Оваа година изградивме или реконструиравме 20-тина километри водоводна мрежа, на целата територија на општината. Тековниот проект: канализација во руралниот дел од општината продолжува. Изградивме нови 7 километри мрежа и до година канализациската и водоводната мрежа во Ѓорче ќе биде завршена работа. Во руралниот дел од општината се комплетно изградени и асфалтирани десетици улици“, истакнува Митровски.

 

Современите улици и другата инфраструктура, смета Митровски, значи подобар живот за граѓаните но и можности што се предуслов за побрз развој и привлекување на инвеститори во нашата општина. Ги намаливме даноците за сите нови инвеститори.

 

„Формирани се посебни екипи во општината за побрза реализација на  барањата за легализација на дивоградбите и работите се одвиваат подобро. До сега поделивме околу 3500 решенија за легализација а имаме 13 и пол  илјади барања. Се интервенира и во училишта и градинките. Изградени се пристапни патеки во училиштата Мирче Ацев, каде што е реновирана и спортската сала и во Страшо Пинџур каде што е поплочен поголемиот дел од училишниот двор. Реновирани се сите училишни огради, воведен е видео надзор и редовно се одржуваат спортските терени и сали.  Во училиштето Димитар Поп Беровски се поставува термоизолација на дел од училишната зграда. Во соработка со Владата на Македонија изградивме нова градинка во населбата Даме Груев Навреме проработи новото училиште во населбата Хром кое ќе прерасне во деветолетка“, вели Митровски.

 

Културата, вели градоначалникот на Ѓорче Петров, напредува со големи чекори додавајќи дека во новиот театар во општината се случуваат премиери и посетеноста е одлична.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.