11.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

Мизрахи: Антисемитизмот и вербалните напади преминаа во писмени закани и следење

Фејсбук статус на Рашела Мизрахи од ВМРО-ДПМНЕ

Долго време молчев на темава од причина што не сакав да посветам внимание на оние кои мислат дека со сила можат да ме заплашат и замолчат. И не само што не ме замолчија туку ме направија уште поодлучна и похрабра.

Денес, конечно е време и јас ќе проговорам за сите обиди да ме замолчите и да ме заплашите, иако ваквите обиди датираат од поодамна, ги преминавте сите граници.

Денес ќе зборувам гласно затоа што антисемитизмот и вербалните напади, преминаа во писмени закани, следење, пречекување пред влезот во кој живеам и тропање по влезната врата од мојот дом во раните утрински часови…

Денес зборувам затоа што ми е доста од луѓе со качулки кои ме пресретуваат и фотографираат, луѓе кои со возила ми го пресекуваат патот, па бегаат, доста ми е од вашата ретардирана желба да демонстрирате сила со викање, претење и силеџиство по семафори.

За сите овие настани се информирани надлежните институции.

Велевте рушиме режим, а вистината е дека воведовте режим.
Ветувавте живот, а донесовте понор, пропаст, сиромаштија, распад.
Ветувавте економија, плата, право, правда, а донесовте бес, чемер, беда, самоволие, силеџиство и диктат.

Покажувате колку сте силни од позиција на власт, од позиција на моќ, од позиција на РЕЖИМ, силеџиски се перчите над својот сопствен народ, а се виткате пред силните и успешните.

На крај, па и јавно велите дека ви треба камшикар, само што никогаш не ни кажавте дека тој ви е за нас, за тие кои не се виткаат, ви пркосат и не ви коленичат.

НЕМА ДА ВИ ПОМИНЕ,

А ПРАВДАТА ЌЕ ВЕ СТИГНЕ!

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.