Мизрахи ги пријави во полиција заканите по живот кој ги добива со месеци

Поранешната техничка министерка за труд и социјална политија од ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи, го пријави во полиција во четвртокот заканите кон неа упатени на официјалната фејсбук страница во период од јануари до јуни годинава, како и постојаните физички вознемирување и преследувања.

Според записникот на Министерството за внатрешни раноти, заканите кон Мизрахи биле испратени повеќе пораки како коментари на нејзини објави со навредливи и заканувачки содржина по нејзиниот живот и животот на нејзиното семејство.

Дел од пораките коишто таа ги пријавила во полиција се со следната содржина: „Дај Боже шлепер да ти ги удри копилињата, цревата да им ги собираш по патиштата, во септичка јама да ги закопаш, гробот да не им се знае“.

„Нацисти по карактер и дух, Еврејка само Хитлер за вас, Еврејка проклета, омразата“, се само дел од коментарите упатувани кон неа.

Мизрахи во полиција појаснила дека овие коментари не може да ги достави преку принт скринови, поради тоа што нејзиниот ПР тим имало наредба да ги брише коментарите со недолични пораки и со антисеметска и фашистичка содржина.

Инакум освен заканите кон нејзиниот живот, таа добивала закани и кон целото нејзино семејство.

По ова известено е и Јавното обвинителство, а земен е и записник за прием на сторено кривично дело загрозување на сигурноста.

Претходно во средата, Мизрахи пријави и вознемирувања пред домот и вербални закани упатувани од неидентификувани лица, како и следење со возила.

Спроед прејавата, во неколку наврати била следена од непознати лица. Имено, според пријавителката на вчера околу 18.00 часот пред училиште во скопската населба Сингелиќ, додека била на состанок на политичка партија, возило „голф“, со кумановски регистарски таблички, во повеќе наврати кружело околу местото. Истиот ден, околу 19 часот, на друг состанок во хиподром клуб, две непознати лица ја фотографирале со мобилни телефони и побегнале, а потоа во 20,30 часот кога  се упатила кон својот дом на улицата „Орце Николов“ во центарот на Скопје, откако  излегла од возилото пред влезот на зградата ја дочекало непознато лице ја фотографирало и веднаш побегнало.

Според пријавата, претходно во понеделникот околу 19,20 часот на крстосницата на булеварот „Илинден“ со улицата „Никола Тесла“ од патничко возило „ауди“ излегол сопатникот, се упатил кон нејзиното возило, упатувајќи ѝ закани.

Исто така, пријавителката навела дека и претходните месеци во неколку наврати била следена од возила (црн џип и голф), а пак, во периодот јануари/февруари годинава, во неколку наврати непознати лица во доцните ноќни часови меѓу полноќ и 3 часот наутро ѕвонеле и тропале на вратата од нејзиниот стан

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.