Мизрахи: Македонија се наоѓа во ужасие, во дебела здравствена криза, станува збор за 4 илјади гробови, а здравствениот систем е тотално потонат

Вечерва во “Што не е јасно” на Алфа телевизија пратеничката и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Рашела Мизрахи истакна дека Македонија се наоѓа во ужасие, во дебела здравствена криза, станува збор за 4 илјади гробови, а здравствениот систем е тотално потонат, нефункционален. Не поради здравствените работници, туку поради власта која е главата на овој организам наречен – држава. Ова е катастрофа од невидени размери, рече таа.

-Со 3500-тини мртви веќе го надминавме бројот на три катастрофални земјотреси во Скопје и апсолутно не е момент за делење на медали. Доколку сметаат дека војната со пандемијата е завршена, не е то точно. Ние го доживеавме пикот наречен “трет бран” и според мене ни најмалку не е време за пи-ар стратегија во Македонија. Туку време е за справување со пандемијата и кризата, која што оддамна требаше да започне како и во целиот свет. Споната е тука помеѓу термините одговорност и вина, посочи Мизрахи.

Според неа, ништо не е побитно и се е ирелевантно во однос на пандемијата. Таа вели дека ако треба говорницата во Собранието ќе се држи со часови за да се збори за корона кризата, затоа што главно нешто во моментов е справување со Ковид-19 пандемијата.

-Сето неодговорно однесување на власта, сета неспособност на власта и сите пропусти што ја направија овие изминати 12 месеци, нивна е одговорноста и тие се виновни за заболувањата и смртноста во Македонија денеска, истакна Мизрахи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.