Мизрахи, Милошоски, Вело Марковски се нови членови на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Јанушев се повлекува

Александар Николоски, Владо Мисајловски, Иван Иванов, Сергеј Попов, Никола Мицевски, Гордана Димитриевска-Кочоска, Рашела Мизрахи, Стефан Андоновски, Марија Андоновска, Олга Лозановска, Дафина Стојановска, Вело Марковски, Трајко Славевски, Влатко Ѓорчев, Драган Ковачки, Коце Трајановски, Кирил Пецаков и Антонијо Милошоски се членовите на новиот Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ,  што вечерва ги избра партискиот Централен комитет.

Како што информира по Централниот комитет лидерот на партијата, Христијан Мицкоски, тој добил поддршка да ја води партијата откако бил отфрлен неговиот предлог за одржување вонреден конгрес за избор на нов лидер.

Мицкоски соопшти и дека досегашниот генерален секретар на партијата Игор Јанушев се повлекува од партиските функции поради лични причини, но ќе продолжи да придонесува и да помага во ВМРО-ДПМНЕ во борбата против СДСМ.

Мицкоски истакна дека со ваквите промени во партиското тело, ВМРО-ДПМНЕ сака да покаже капацитет за промени и сила во понатамошната битка против, како што кажа Мицкоски, мафијата која е на власт во Македонија.