21.8 C
Skopje
среда, април 24, 2024

Мизрахи на средба со членови на Националниот сојуз за глуви и наглуви

„Денеска остварив средба со поголемиот дел од членовите на Националниот сојуз за глуви и наглуви на Македонија. На средбата, која беше на иницијатива на здруженијата, се разговараше за проблемите со кои се соочуваат оваа категорија на граѓани.

Од нивна страна, исто така беше изразена голема благодарност за тоа што лично ги примив да ги слушнам нивните проблеми затоа што веќе неколку години, иако поднесувале повеќе барања за средби, истите не биле остварени.

Посочив дека ова Министерство е на сите граѓани на државата. Во рамките на сите мои надлежности им беше понудена помош за сите проблеми со кои се соочува оваа група на ѓрагани, напиша на Фејсбук техничкиот министер за труд и социјална политика“, Рашела Мизрахи.