Мизрахи на Заев му покажуваше слики од свои роднини однесени во Треблинка од бугарскиот фашистички окупатор (ВИДЕО)

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи, на денешната собраниска седница за пратенички прашања од говорницата на премиерот Зоран Заев му покажуваше фотографии од своите роднини кои биле однесени во Треблинка.

-На оваа фотографија е целото мое потесно семејство, кое беше товарено во воз за Треблинка од бугарскиот фашистички окупатор. Преживеа само мојот дедо, чиј наследник сум јас. Дали стоите на ставот дека Бугарија била администартор на Македонија, а не окупатор? – праша Мизрахи.

-Господине Заев дали знаете кој е овој, тој е Страшо Пинџур чие тело било однесено во непозната локација, а началникот го опишал неговото мачење, па бил тепан до смрт, господине Заев ова е Мирче Ацев прогласен за државен непријател на бугарската фашистичка окупаторска власт во Македонија кој имал дури 27 година само исто како Страшо Пинџур, за него велат дека одбил да даде било какви податоци па бил тепан по табаните, знаете оние тепања со палки по табаните „сичко знам, сичко ќе приказвам“ и дедо ми е тепан со нив дека немало бугарски фашистички окупатор, истакна Мизрахи.

Мизрахи му посочи на Заев за Мучето како граѓанин на Струмица кој бил убиен на струмичките улици од куршум на бугарски полицаец, нешто кое било напишано на споменикот за кој сега тој наредил со електрична брусилка да се избрише зборот бугарски од споменикот, за кое Заев признал јавно.

-Дали господине Заев сеуште стоите на ставот дека Бугарија во времето на Втората светска војна била администратор на Македонија,а не фашистички окупатор оти мојата фамилија не е отепана со пенкало, дали уште стоите на ставот дека бугарските војски ги ослободувале Крива Паланка, Куманово и Скопје, свесни ли сте дека со изјавата за БГНЕС дека Петрич и Струмица зборат на ист јазик дали е бугарски или македонски сте на иста линија со негаторските политики на нашиот источен сосед со кои се негира постоењето на македонскиот јазик и негово сведување на нормата на бугарскиот јазик, па по тоа дали зборувате на македонски или на бугарски јазик и ако говорите на македонски јазик, тогаш дали петричкиот дијалект е дијалект на македонскиот јазик ? – праша пратеничката Рашела Мизрахи од собраниската говорница.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.