Мизрахи: Не очекувам да бидам разрешена, не направив ништо

Техничкиот премиер Оливер Спасовски вчера во Собранието го поднесе барањето за разрешување на министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи, поради тоа што таа неколкупати одбиваше да ја замени старата табла на која е испишано старото уставно име на државата, со нова.

Мизрахи, пак, во телефонски разговор за „Телма“ вчера истакна дека не очекува пратениците да ја разрешат. Тврди не е виновна за ништо.

– Не очекувам да бидам разрешена, не направив ништо и не сум виновна за ништо. Апсолутно ќе ја почитувам одлуката на пратениците каква и да е, бидејќи тие ме назначиле, тие можат и да ме разрешат. Министерството и пред мене било предупредено дека не била сменета таблата, но и во  Буџетот за 2020 година не е предвидена таква набавка. Јас не сум одговорна за неспроведување на законот на мојата претходничка – изјави Мизрахи за „Телма“.

За да се разреши министерката е потребен 61 пратенички глас.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.