9.8 C
Skopje
среда, април 24, 2024

Мизрахи: Онлајн полагањето матура нема да има никаков ефект

Во овој момент е небулозно да се зборува за полагање онлајн на државната матура, затоа што тоа нема да има никаков ефект, смета поранешната министерка за социјала и труд во техничката влада, Рашела Мизрахи.

Како што рече меѓу другото Мизрахи во текот на отворената видео-врска преку социјалните мрежи на која граѓаните можеа да поставуваат и прашња, заштитни медицински маси ракавици државата треба во овој момент да обезбеди не само за медицинските работници, туку исто така и за сите припадници на полицијата и на војската, коишто се ангажирани во моментов во вонредната состојба.

„Доколку веќе е воспоставен кризен систем, би требало да ги заштитиме оние кои се на прва линија на одбрана, но и целокупното население. Треба да се пресмета колкав број на ракавици и маски се потребни секојдневно за секое лице. Хируршките маски имаат максимално времетраење од два дена“, рече Мизрахи.

Официјалниот став на ВМРО-ДПМНЕ околу образовниот систем, пак, додаде Мизрахи, е предлог за укинување на матурата оваа година.

„Имајќи впредвид дека може да настанат системски компликации, бидејќи сепак децата изостануваат од училиште еден извесен период. Онлајн учењето неможе во целост да се спроведе бидејќи сите деца не се оспособени со ајти комуникација, особено оние од социјално – ранливата категорија на семејства. Мислам дека оваа година матурата треба да се изостави. Сметам дека тоа треба да се направи со некава уредба. Во овој момент е небулозно да се зборува за онлајн матура, затоа што смеатам дека истата нема да има никаков ефект“, рече Мизрахи