Мизрахи: По манипулацијата со бројот заболени, власта сега тотално го изгуби компасот за имунизација на населението и набавката на вакцините

На 21-ва и 25-тата седница на Влада беше задолжен министерот за здравство Венко Филипче со 500 милиони денари со 70 милиони денари авансно плаќање да се набават вакцини, што се случи од 15-ти декември до средина на јануари каде ги имавме брзите измени на законот за да можат да се набават вакцините, како се случи три месеци никој да не види дека немаме законска регулатива за да набавиме вакцини, недолично е да се зборува за бројки на починати кои се членови на семејства, но имаме целосен колапс на системот, вели Рашела Мизрахи од ВМРО-ДПМНЕ вечерва во Канал 5 телевизија.

Таа критикуваше дека прво не се знаеше со колку медицински персонал располагаме, па кои беа потребите за заштитна опрема, сега за медикаментите дали се набавува овој или оној медикамент, посебни тендерски набавки за ивермектин, и на крајот извештајот од Американската Асоцијација на науките кој покажа дека земјава имала очигледна манипулација со бројките кои се претставувани дневно, но и месечно.

„Или доцнеле бројките на заболени и починати во текот на денот пред да бидат објавени од Венко Филипче или се правела тенденциозна манипулација по црното сценарио за политичка агенда на СДСМ ,како кога целит свет поставуваше карантински мерки ние тоа не го направивме, иако бројот на заболени беше пандан со она што се случуваше во светот, со висок број на заболени и висок број на починати“, рече Мизрахи.

Пратеничката додаде дека наместо да се исправи кривата ние го направивме спротивното, тука ја гледа одговорноста на здравствените власти и вели дека сега ни случува посторно крах и тотално губење на компас со имунизација на населението и набавката на вакцините.