Мјузикл со аутистични млади луѓе во Битола

На сцената на Народниот театар во Битола, во сабота, со почеток во 19:30 часот ќе гостува мјузиклот „Волшебно патување“.

Мјузиклот е адаптација на романот „Пат околу светот за 80 дена“ на Жил Верн, а главните улоги ги играат шест аутистични млади луѓе и една девојка  со  оштетен слух. Покрај нив, на сцената учествуваат и професионалци, балетски играчи, како и фолклорни играчи и хорот при АКУД „Лола“.

Сценариото и режијата се на Ѓорѓе Макаревиќ.

Мјузиклот е премиерно прикажан по повод Светскиот ден на аутизмот на 1 април 2013 година.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.