Млад битолчанец починал поради лекарска негрижа?!

На социјалните мрежи се споделува информација дека маж на возраст од 33 години од Битола, починал поради лекарска негрижа.

Според статусот споделен на Фејсбук, тој при скијање си го повредил коленото, па му бил направен хируршки зафат, а потоа бил пуштен на домашно лекување.

Но, поради лекарска негрижа не му бил даден антикоагулант или конкретно „Клексан“  и младиот битолчанец починал.