Млад играч на Шалке го предизвика гневот, тренираше со дрес на лутиот ривал

Младиот велшки репрезентативец и член на германскиот бундеслигаш Шалке, 19-годишниот Раби Матондо, го предизвика гневно на навивачите откако на социјалниот мрежи објави фотографија на која се гледа како тренира во дрњесот на конкурентската Борусија Дортмунд.

Неговиот пост на Instagram предизвика „бура од коментари“ на бесните симпатизери на Шалке, но и неколку поранешни играчи на клубот од Гелзеркирхен. А се огласи и клубот.

„Раби има само 19 години, но тоа не смееше да го стори“, изјави портпаролот на Шалке, Јохен Шнајдер.

Не помогна ниту фактот што Матодно го носел дресот на Борусија кој го носи Џејдон Санчо, негов голем пријател со кој се дружел своевремено во фудбалската академија на Манчестер Сити, пред да се преселат во Германија. Првиот во Шалке, вториот во Борусија.

Младиот Велшанец набрзо ја избриша објавата и им се извини на навивачите.

„Тажен сум и разочаран што ги изневерив сите коишто чувствуваат поврзаност со Шалке. Бев наивен и го облеков дресот на мојот драг пријател. Го носев само поради Џејдон. Тоа немаше никава врска со Дортмунд“, напиша Матондо на Instagram.

Раби Матондо во Шалке дојде во јануари 2019 година потпишувајќи договор на четири и пол години со отштета од 11 милиони евра. Сезонава постигна два погодока во 20 официјални натпревари.

Гелзеркирхен и Дормунд се оддалечени само 35 километри, а нивното фудбалско ривалство е најголемото во Германија.