Млад Италијанец за пет минути запамети 630-цифрена бројка

Андреа Муци, 21-годишен Италијанец, е победник на Светското натреварување во памтење (World Memory Championship) кое годинава се одржа во Германија.

Меѓу другото, Андреа успеал да запамети 630-цифрена бројка во рок од пет минути, изјавил за агенцијата DPA организаторот на натпреварувањето Штефан Буетов, додавајќи дека доколку тоа биде и официјално потврдено тоа ќе значи дека го соборил светскиот рекорд.

Муци бил прв во сите десет дисциплини во рамките на натпреварувањето на коешто освоил рекордни 8.594 поени, што го сместило на самиот врв меѓу 1.700 натпреварувачи на настанот одржан во источногерманскиот град Торгелов.

Светското првенство во памтење е организирано натрпеварување коешто континуирано се одржува од 1991-ва, со исклучок на 1992 година/

Натпреварувачите настојуваат да запаметат што повеќе информации за одреден временски период во десет различни дисциплини, меѓи кои се паметење бројки во рок од еден час, паметење бројки во рок од пет минути, историски датуми за пет минути, меморирање низа зборови, запаметување бинарни ознаки во рок од триесет минути или паметење на редоследот на измешан шпил карти за играње.