Млад Македонец загина од струен удар во Малта

Трагедија попладнево ги потресе сите Македонци во Малта, откако полицијата објави дека младиот Македонец Мартин Калинчев загинал од струен удар.

Според податоците кои ги објавуваат Македонците и медиумите јавно објавени, Мартин Калинчев загинал утринава околу 9.30 по локално време, додека работел.

Инцидентот се случил додека Мартин работел качен во дигалка и се допрел до електрични кабли. Повикана е брза помош која го префрлила во болница, каде е констатирано дека починал од сериозни повреди.

Полициската истрага сеуште е во тек.

Целата сторија и видео може да ги погледнете на овој ЛИНК.