Млад маж почина по скок во езерото кај Лагадин

Во петокот вечерта 35-годишен жител на Свети Николе трагично го загуби животот откако скокнал во вовдата на плажата Лагадин крај Охрид, објави во саботата Министерството за внатрешни работи.

Несреќата била пријавена околу  во 20 часот, кога било пријавено дека во Охрид на плажата „Лагадин“, 35-годишниот Д.Л. од Свети Николе скокнал во езерото и со главатa удрил во камен, кој се наоѓал во водата.

Од здобиените повреди, при транспорт во болница, лицето починало.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.