Млад маж тешко повреден во сообраќајна несреќа на патот Кавадарци – Росоман

14

Дваесет и тригодишник бил тешко повреден при сообраќајна незгода на патот Кавадарци-Росоман, рано утрото во неделата, за МИА потврди доктор Драги Јованов, специјалист ортопед  во кавадаречката болница.

„Момчето беше во кома кога го донесоа во болницата. Имаше повреди на глава и повреди на граден кош. Успеавме да го одржиме во живот, се воспостави нормална активност на срцевобелодробен систем и го упативме на клиника во Скопје, во Ургентен центар“, рекол Јованов.

Од МВР потврдијле за МИА дека  околу еден часот било пријавено дека на регионалниот пат Кавадарци-Росоман, кај селоот Манастирец патничко моторно возило ,,ауди” со кавадаречки регистарски ознаки управувано од 23-годишен кавадарчанец,  излетало надвор од патот. Во незгодата возачот се здобил со тешки телесни  повреди, констатирани во болницата во Кавадарци. Извршен бил увид од увидна екипа при кавадаречката полиција.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.