Млад маж убиен вечерва во Гостивар

Трагичен настан ги вознемири гостиварци во саботата вечерта, откако момче на возраст од 28 години е убиено во близина на булеварот „Гоце Делчев“ во градот, објави „Гостивар прес“.

Според информациите на порталот од полицијата, жртвата е 28-годишен гостиварец со иницијали Г.А..

„Околу 19 часот и 40 минути во полиција било пријавено дека во гостиварската болница „Ферид Мурад“ бил донесен 28-годишниот гостиварец Г.А, со влезно-излезна прострелна рана во главата“, велат од СВР Тетово.

На момчето му била укажана помош, но тоа им подлегнало на повредите. Засега не се познати други детали за убиството.

Во тек е увид што го вршат Јавен обвинител и екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.