15.8 C
Skopje
среда, април 24, 2024

Млад маж во беровско загина во тракторска несреќа

Ноќта кон неделата во беровското село Двориште се случила несреќа во којашто животот го загуби жител на споменатото место, соопшти во саботата министерството за внатрешни работи.

 

Според полциискиот билтен, трагедијата се случила околу 1 часто по полноќ во саботата, кога 22-годишник управувајќи трактор во селото .Двориште-Берово, изгубил контрола и паднал во провалија.

Во кабината на тракторот бил и негов 34-годипшен соселанец. Тој починал од здобиените повреди на пат кон Медицински центар -Берово.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.