Млад прилепчанец го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа

Дваесет и четиригодишен маж попладнето во неделата околи 17,30 часот го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа во Прилеп, поточно на излезот од градот кај Авто-мото Сојузот.

Како што јави локалниот портал на Шеталиште, во тешката несреќа загинал 24– годишниот прилепчанец И.В. со патничко моторно возило „хонда сивик“ со прилепски регистарски таблички. Тој удрил во дворот, односно во  џип „рено – дастер“ со скопски регистарски таблички.

Полиција е на местото на несреќата и врши увид.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.